Членката на поранешната група “Destiny’s child”, Кели Роуланд, родила здраво бебе и му дала интересно и необично име. Пејачката која има 33 години во вторникот родила синче, кое добило име Титан, јавуваат американските медиуми.
Кели соопштила дека името кој избрал таткото, од прични кои се поврзани со неговото семејство. Додала дека се пресреќни што се минало во најдобар ред. Роуланд на почетокот на оваа година се омажила за Тим Видерспун, откако подолго време биле верени. Малиот Титан и е прво дете.