Моделот Кели Рорбах заблеска како Си Џеј Паркер во филмот „Чувари на плажата“, римејк на истоимената хит серија од деведесеттите години кој се снима во Мајами. Никој не беше разочаран кога Кели застана пред камерата во едноделен црвен костум за капење, налик на оној кој ја прослави Памела Андерсон. Додуша, костумот е „освежен“ со златен патент во пределот на градите.
Ова е прва сериозна филмска улога за русокосата Кели. Досега добиваше мали улоги во телевизиски серии, од кои најпозната е “Два и пол мажи“. Во меѓувреме го красеше минатогодинешното издание на списанието „Спортс Илустрејтед“ и се забавуваше со Леонардо ди Каприо. Премиерата на филмот „Чувари на плажата“ во кој играат и Двејн Џонсон, Зак Ефрон, Прајанка Копра и оригиналниот Мил Бјукенен, Дејвид Хаселхоф, е закажана за 19 мај 2017 година.