„Извинете тато и мама, но мене ова ми се допаѓа“. напишала Кели Озборн на својот Твитер профил откако на главвата го истетовирала зборот „Stories“ (приказни). Пред ќерката на Ози Озборн да се одлучи на овој потег, ја избричила левата страна на главата и преостанатата коса ја исфарбала виолетово.

Потоа на својот Твитер профил напишала: „Упс, што направив?“, за во следниот твит да се извини на своите родители. Од што триесетгодишната Кели била инспирирана да го истетовира овој збор, и тоа ни помалку ни повеќе туку на главата, сеуште не е познато. Сигурно дека привлекла внимание, посебно кај своите родители.