Веќе неколку дена Кели Озборн се наоѓа во болница во која завршила откако на снимањето на емисија добила напад. На снимањето Кели рекла дека не се чувствува добро, а тогаш паднала на подот и почнала да се треси, па амбулантно возило ја одвело во болница.
Некои медиуми објавиле дека Кели има епилепсија, но нејзиниот портпарол го одрекува тоа.
Докторите не можат да утврдат зошто се случило тоа и ја задржале на набљудување. Секојдневно и прават тестови, но причината за нападот сеуште не е позната.
Кели на својот Твитер профил напишала дека се чувствува добро и се заблагодарила на пораките за поддршка.