Кели Озборн изјавила дека сопственикот на станот кој го изнајмувала не и вратил ниту долар од платениот депозит па така преку суд ќе си ги бара своите 19,000 долари. Таа исто така изјавила дека покренувањето на оваа постапка не е поради парите, туку е револтирана од некоректниот однос на сопственикот.


Сопственикот на станот по ова обвинување кажал дека тие пари ги искористил за чистење и поправка на станот кој бил демолиран од ѕвездата.

Според законот во Калифорнија ако издавачот на стан непотребно го задржи депозитот, станарот може да бара отштета во двоен износ од вложените пари, а судот на Калифорнија ќе одлучи кој е виновен во овој спор.