Пејачката Кели Кларксон ги повтрди гласините дека во неделата  се омажила за нејзинот дечко, Брандон Блаксток на тајна церемонија, а за своите фанови таа на твитер постираше слика од тој настан. Свадбата се одржала на 20 октомври во американската држава Тенеси, на истата присуствувале најблиските членови од семејствата на младенците.

„Сега сум одицијално госпоѓа Блексток. Се венчавме во неделата на фармата Блекбери во Тенеси, најубавото место на светот!“ – напишала Кели. Пејачката го запозна својот маж во 2006 година, а дури 6 години подоцна започна врска со него.