Криминалецот и сопственик на ноќен клуб во Мајами, Крис Пациело, кој минал седум години во затвор поради убиство и на чиј шарм паднале Џенифер Лопез, Натали Имбругила и Мадона, сега ја освојува и британската старлета Кели Брук. Пациело во 2000 бил осуден на десет години затвор поради убиство и вооружен грабеж, кога со куршум ја усмртил домаќинката во куќата која ја ограбувал.
Крис го признал злосторството, а наместо десет во затвор одлежал седум години. Тоа му била награда бидејќи ги открил имињата на 17 водечки луѓе на мафијата. За време на апсењето бил во врска со акерката Софија Вергара која му платила кауција од десет милиони долари.