Британската манекенка Кели Брук поттикнала гласини дека е повторно верена. Убавата манекнка, која денес наполни 35 години, била видена со огромен прстен на добротворен бал во Лондон и така повротно поттикнала шушкања за евентуална свадба. Кели била верена со актерот Дејвид Мекинтош, но пред неколку месеци парот прекинал, бидејќи тој наводно ја изневерил со поранешната девојка.
Но, се чини дека Кели не ронела солзи долго поради тоа, бидејќи е видена во друштво на британскиот модел Џејмс Крабтри. Во негово друштво Кели постојано била насмеана, па најверојатно славната убавица веќе пронашла итеха во прегратките на друг. Извор открил дека Кели и Џејмс имаат доста заеднички пријатели преку кои се запознале.