Популарниот модел Кели Брук е ново заштитно лице на кампањата “Whose Skin Are You In?”, која била организирана од организацијата за заштита на животните ПЕТА. Кели позирала гола насликана со шари кои потсетуваат на змиска кожа, како би протестирала против користењето на кожата на рептилите за изработка на облека.
Фотографиите ги направил пејачот Брајан Адамс кој исто така ја поддржувал оваа акција. Убавицата изјавила дека не се чувствува пријатно кога ќе помисли на каков суров начин змиите, гуштерите, алигаторите и другите егзотични животни се одгледуваат и убиваат за правење чизми, торби и ремени. Истакнала дека тие ги поддржуваат дизајнерите кои се креативни, но не и оние кои се деструктивни. Под фотографиите се наоѓал напис кој гласел „На дивите животни местото им е во дивина, а не во вашите плакари“.