Кели Брук е една од холивудските убавици која се гордее со своите женски гради, а многумина ја сакаат токму поради тоа што не се вклопува во стандардниот калап на убавици. Новата година оваа манекенка ја започнала на Аткинсонова диета и редовно оди на пилатес, а резултатите од грижливото вежбање често ги покажува на социјалните мрежи.
Но, во нејзиниот живот има уште една голема промена. Дејвид Мекинтош со кој била, па не била во врска, конечно е минато. Кели се наоѓа во Лос Анџелес поради снимањето на новата серија ‘One Big Happy’ и се гледа со триесетгодишниот манекен Џејмс Ли Тејлор. Во серијата Брук глуми сопруга на маж кој очекува дете со својата пријателка лезбејка. На серијата во САД и се предвидува голем успех.