Откако за нивната романса се шпекулираше веќе некое време, Кели Брук и Џереми Парисис на социјалните мрежи конечно потврдија дека се во врска. Во неделата ноќта овој Француз на Инстаграм поделил фотографија на која се бакнуваат. Кели набрзо му возвратила со коментар „љубов моја“ што е очигледен знак дека го преболела поранешното момче Дејвид Мекинтош.
Парот турбилентната врска ја започна минатата година, а ја заврши кон крајот на минатата година. Дејвид наводно ја изневерувал Кели. Британската манекенка и Џереми се запознале на почетокот на годинава кога Кели се подлегна на Атикнсова диета и на редовни тренинзи. Тој и бил еден од тренерите. Извор близок до Кели вели дека обожава да минува време со него. Едвај дочекала да го запознае со своите пријатели.