Актерката и фотомоел Кели Брук ужива во своето момче, фитнес инструкторот Џереми Париси, а парот моментално престојува во родната земја на убавата Кели. Се чини дека врската помеѓу заводливата актерка и нејзиното момче Џереми станува се посериозна, бидејќи сето слободно време Кели го минува во друштво на својот избраник.
Овој пат папараците успеаа да ги фотографираат на улиците во Лондон каде Кели и Џереми уживале во опуштена попладневна прошетка. Инаку, новото момче на убавата актерка е од Франција, а во јавност почнаат да се појавуваат заедно на почетокот на оваа година.