Британскиот модел Кели Брук ќе заигра во новата американска серија “One Big Happy”, а она што е посебно интересно во овој ангажман е тоа што згодната Кели веќе во првата епизода ќе се појави потполно гола. Кели Брук во родната Велика Британина слава стекнала снимајќи бројни рекламни кампањи за долна облека, а во новата серија Кели игра секси девојка која ќе се најде во несекојдневен љубовен триаголник.
Имено, таа ќе игра вереница на момче кое чека бебе со својата цимерка лезбејка. Згодната Кели веќе имала прилика да се испроба како актерка и досега се појавила во десетина филмски остварувања, но ова ќе и биде прва поголема улога. Серијата ја продуцирала Елен Деџенерис.