Ако е по нешто добро позната, тогаш тоа сигурно е нејзината беспрекорна фигура. Манекенката Кели Брук објавила најнов едиторијал фотографии во кои позира во секси црвена долна облека, и притоа изгледа повеќе од предизвикувачки. Првиот таканаречен „тизер“ на нејзиниот календар за 2015 година го објавила на својот инстаграм профил.

Манекенката, која за разлика од своите слаби колешки се истакнува со бујните гради, уште еднаш покажала дека се наоѓа во совршена форма. Таа првите показатели како се одвива снимањето ги дала уште кон крајот на април оваа година, објавувајќи една фотографија од почетното снимање.