Бремената манекенка Кели Брук на своето појавување во Лондон со двата прстени на раката ги поттикнала гласините дека во тајност се венчала за рагби играчот Том Еванс. Во краток црн фустан и со насмевка на лицето се појавила во ноќниот клуб „Бокс“ каде се сретнала со неколку пријатели. Минатиот месец на твитер манекенката напишала дека очекува девојче и дека е многу возбудена поради тоа.


Неодамна била на романтичен викенд на Бермудите со Том. Таа и рагби играчот минатиот месец започнале да живеат заедно, а се запознале минатата година на една забава во Лондон. Кели претходно била во врска со Дени Ципријани, поранешен соиграч на Том од тимот на Лондон Васпс.