Откако пронашла нешто слободно време од работата на својот нов телевизиски проект, британската манекенка изминатиот викенд се упатила во својот дом во Велика Британија. Кели Брук, која има 35 години, ја користи секоја прилика како би ги истакнала своите бујни гради, а така било и овој пат.

 

На Инстаграм се пофали со фотографија на која на сонцето се излежува потполно гола. Се опуштила лежејќи во својот двор. Фотографијата не открива многу, а сигурно уживала во друштво на своето ново момче Џереми Парисис, инструктор по џудо, со кој го минува секој слободен момент. Нова врска Кели пред јавноста ја открила пред неколку седмици.