Поранешната манекенка Кели Брук на своите обожаватели на Инстаграм им се пофалила со своја нова фотографија. Брук поделила фотографија, на која носи шорц и црвена маица, кои совршено ја истакнуваат нејзината фигура, а под фотографијата оставила коментар „Време е за снимање“.

Манекенката неодамна се појавила и во спот на групата Lawson за песната “Juliet”, од што биле воодушевени самите членови на групата, кои за таа улога ја барале најсексипилната жена на светот, па Кели била совршен избор.