По страствената врска од неколку месеци, Кели Брук го оставила мускулестиот Дејвид. Уште на Денот на вљубените снимени биле како се бакнуваат, но веќе еден ден подоцна моделот Кели ги отстранила нивните заеднички фотографии од Инстаграм профилот. Иако пред две седмици делувале многу вљубени на плажа во Мајами, на нивната романса и дошол крај.
Кели го оставила Дејвид бидејќи била сигурна дека е со неа само затоа што сакал да стане славен. Се заморила од нивната врска и обидите на Дејвид да биде во центарот на вниманието. Британската менекнка забележала дека во медиумското внимание уживал малку повеќе. Дејвид на Денот на вљубените објавил фотографија од кревет прекриен со рози и чоклоадо. Заедно биле од почетокот на оваа година.