Актерката и манекенка Кели Брук, ги изненадила присутните појавувајќи се на промоцијата на новата видео игра “Dance Central 2”. Тоа што се забележувало на прв поглед бил фактот што таа била послаба од било кога претходно.
Во кратко црно фустанче, Кели го покажала видно послабиот струк, нозете и лицето, па дури и градите кои биле нејзин заштитен знак. Кели тврди дека не држела диети, туку дека одела на пилатес и возела велосипед.