Британската манекенка Кели Брук по прв пат проговорила за односот со поранешниот вереник Дејвид Мекинтош по нивното прекинување кое траело три седмици. Имено, парот раскинал бидејќи Кели тврдела дека Дејвид ја изневерувал со поранешната девојка. Во разговор за списанието ‘Fabulous’, Кели признала дека е спремна да му даде втора шанса. Убавицата објаснила дека многу жени го игнорираат неверството, го пребродуваат и на крајот имаат деца. Многу жени кои се под лупа на јавноста останале покрај своите мажи без оглед на некои работи кои тие ги направиле. Кој крајот на минатиот месец Кели на својот Твитер објавила дека ја раскинуваат веридбата.
Наводно ја изневерувал со својата поранешна девојка Сара Харпер, која тврдела дека спиеле заедно додека бил верен со Кели. Кога Кели го оставила, после кратко време бил виден како на базен се бакнува со германската манекенка Метиша Шефер. Но, се чини дека Метиша не потрајала долго, и дека Дејвид сепак се одлучил за својата поранешна драга, која по се изгледа му простила. Кели во интервјуто рекла дека не знае дали бил неверен и дека сеуште го сака.