Британскиот модел Кели Брук потврдила дека повеќе не е верена за Дејвид Мекинтош. Моделот и актерка ја шокирала јавноста кога оваа вест ја објавила на Твитер и ги отстранила заедничките фотографии од својот Инстаграм профил. Инаку, таа пред неколку дена во Лос Анџелес се појавила без вереничкиот прстен. Кели од САД, додека Дејвид бил во Англијам на Твитер напишала дека тоа бил тажен ден и дека сакала да подели со обожавателите дека повеќе не е заедно со Дејвид.

Кели, која неодамна беше прогласена за жена која по научна дефиниција има совршени гради, додала дека многу го почитува Дејвид и дека му посакува се најдобро во животот. Само неколку седмици претходно Дејвид и Кели биле видени како среќни шетаат, се бакнуваат и се прегрнуваат на одморот во Грција. Парот постојано ја покажувал својата љубов во јавност, а и редовно поставувале заеднички фотографии на социјалните мрежи.