Јове Кекеновски е исклучен од партијата ВМРО-ДПМНЕ, на иницијатива на основачи, ветерани и членови на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Бутел. Во причините за исклучувањето се наведуваат обидите за нарушување на угледот на ВМРО-ДПМНЕ и дејствување во спротивност на политиките и определбите на партијата.
Јове Кекеновски, кој во ВМРО-ДПМНЕ е член од основањето, со одговор до оние кои, наводно го исклучиле дека, не можат тоа да го направат затоа што не е член на АД „ Н. Груевски и пријателите”- одделение Бутел.
„Неодамна од Вас е пристигнато писмо со кое известувате дека за лицето Јове Кекеновски е донесена Одлука за утврдување на дисциплинска одговорност – исклучување од „партијата” т.е од членство во АД „Н. Груевски и пријателите”.
Одлуката е потпишана од Претседател на дисциплинска комисија извесен Зоран Дионисијев, времено ангажиран во Вашето акционерско друштво. Ве известуваме дека проф д-р Јове Кекеновски, никогаш не бил член на Вашето АД, бидејќи е член на ВМРО-ДПМНЕ од самото нејзино основање и член на Форумот на слободоумни патриоти и оттаму Вашата одлука е беспредметна и бесправна. Затоа, најљубезно истата Ви ја враќаме назад со замолница во иднина поажурно да си го водите списокот на членови на Вашето АД ,,Н. Груевски и пријателите”, вели Кекеновски во својот одговор.
Кекеновски е во Координативно тело на Форумот на слободумни патриоти, основан од членови на ВМРО-ДПМНЕ.
OhridNews
извор Макфакс