Доколку може да им се верува на странските медиуми, Кејтлин Џенер би можела повторно да стане Брус Џенер. Рака на срце, таа вест звучи малку неверојатно. Брус цел живот знаел дека е роден во погрешно тело. Иако функционираше како маж, татко и сопруг, желбата да стане жена секогаш била потисната негде во него. Сега би требало да поверуваме дека Кејтлин преку ноќ се покаја што стана жена. Наводно била несреќна, депресивна и се чувствувала несакано и грдо.
Иако семејството и пријателите цело време се покрај неа, таа сепак не се чувствува добро во женска кожа иако после операцијата изјави дека никогаш во животот не била посреќна. Наводно сака да размисли дали ќе се впушти во уште една промена на полот и да ги мине сите болни и комплицирани операции уште еднаш. Блиски извори тврдат дека Кејтлин никогаш не била вака несреќна. Иако е прогласена за жена на годината, има огромна желба повторно да стане маж.