Донеодамна позната како Брус Џенер, 65-годишната Кејтлин Џенер за само четири часа и три минути од своето претставување пред јавноста, доби повеќе од милион следбеници на Твитер, со што постави нов рекорд, потврдија претставници од Гинисовата книга на рекорди. Како што пренесуваат медиумите, некогашниот олимпиец успеа да ја преземе титулата од американскиот претседател Барак Обама на кој за истиот број следбеници му биле потребни пет часа.

 

Кејтлин Џенер, која моментално има повеќе од два милиони следбеници, иако тој број постајно расте, успеала зад себе да ги остави музичките ѕвезди како Џастин Бибер и Тејлор Свифт. Ѕвездата на реалното шоу „Keeping up with the Kardashians“ се појави на насловната на списанието „Венити Фер“, претставувајќи го својот нов, женски идентитет. Кејтлин добила поддршка од голем број славни личности, а честитки за храброста и упати и американскиот претседател Барак Обама.