Пејачката Кејти Пери оваа година заработи 135 милиони долари и со тоа се најде на врвот на листата на Форбс за најплатени жени во светот на музиката, пренесуваат светските агенции. Популарната пејачка од првото место ја симна Тејлор Свифт која до први јуни заработи 80 милиони долари. Тејлор доживеа огромен успех со албумот „1989“ кој излезе во октомври минатата година, но својата турнеја не ја започна до крајот мај, кога Форбс заврши со правењето на листата.

Како што се наведува во соопштението на списанието, Свифт е на пат следната година повторно да се најде на врвот од листата, бидејќи може да заработи околу четири милиони долари во секој град во кој ќе настапи, што е двојно повеќе околку што заработува Кејти со своите настапи на турнејата. Тејлор и Кејти веќе извесно време не се во добри односи, а наводно нумерата на Тејлор Свифт “Bad Blood” се однесува токму на нејзината ривалка. Стиви Никс од бендот “Fleetwood Mac” се најде на третото место, а на листата меѓу првите пет се уште и Лејди Гага и Бијонсе.