Со оглед дека се ближи крајот на годинава, списанието Форбс направи листа на најплатени музичари во 2015 година. На првото место се најде пејачката Кејти Пери со заработка од 135 милиони долари. Кејти својата заработка пред се ја оствари благодарение на песната “Dark Horse”. Нејзината најголема ривалка Тејлор Свифт се најде на четвртото место со заработка од 70 милиони долари од јуни 2014 до јули 2015 година.
Келвин Харис, момчето на Тејлор Свифт минатата година оствари заработка од 66 милиони долари и така се најде на шестото место на најплатените музичари според листата на Форбс. Второто и третото место го зазедоа групата One Direction (130 милиони) и пејачот Гарт Брукс (90 милиони), додека петта е групата „Eagles„ со 73,5 милиони долари. Во топ десет се најдоа уште и Џастин Тимберлејк, Пи Диди, Флитвуд Мек и Лејди Гага.