Кејти Пери изјавила дека воопшто не се срами од своето тело, но и дека не сака да открие се и дека никогаш не би се соблекла за Плејбој. Сака да манипулира со луѓето преку својот сексипил и и’ се допаѓа начинот на која Дита Вон Тисе го покажува своето тело.


Рекла и дека бракот со Расел Бренд само и ја зголемил самодовербата. Додала дека кога си во врска со некој кој те почитува помалку се грижиш за својот надворешен изглед. На крајот рекла дека сега има некој кој ја сака и дека се останато и е помалку важно.