Том Круз и Кејти Холмс имаат слободен брак. Имено, како што открива нивни близок пријател, Кејти и Том ретко го поминуваат заедно времето, па немаат проблем со тоа да излегуваат со други луѓе.


“Токму како и на Никол Кидман, мислам дека и на Кејти и здодеа Томовата опсесија со сциентологијата“, додава неименуваниот извор.

Иако некои сметаат дека Круз никогаш не би дозволил неговата сопруга да има љубовник, други тврдат дека Кејти и Том се заедно само пред медиумите, но дека нивниот заеднички приватен живот речиси и не постои.