Актерската звезда Кејти Холмс го тужела таблоидот „Стар“ за 50 милиони долари, обвинувајќи го дека од јануари пропагираат приказна дека Кејти е наркоманка. Сопругата на Том Круз изјавила дека нема да го толерира списанието, и дека од сите измислени приказни кои биле објавувани за неа оваа ја преминала секоја граница.
Спорниот текст бил објавен во средината на јануари. На насловната страна излегла нејзина фотографија со разбушавена коса, без шминка, бледа, а под фотографијата стоел насловот „Завосноста е кошмар: Кејти е зависник“. Покрај тоа во текстот пишувало дека тоа е вистинската причина зошто таа не е во состојба да го остави Том. Дрогата дава чуство на еуфорија, а потоа и потреба за внимание. Кејти не е првата од звездите која има проблеми со споменатото списание. Минатата година Анџелина Џоли и Бред Пит го тужеле истото поради текс за нивниот наводен развод, а сите пари кои ги добиле од тужбата ги подариле во добротворни цели.