Актерката Кејти Холмс решила да сврти нова страница во животот. Бидејќи смета дека работата како актерка и дава лош пример на нејзината ќерка Сури, одлучила да почне да работи како адвокат. Нејзин близок пријател изјавил дека таа се заморила од глумата, но пред се со промената на професијата сакал да биде подобар пример за нејзината ќерка.
Исто така додал дека една од причините зошто Кејти сакала да запише право и да стане адвокат е и отстранување на медиумското внимание од нејзиниот приватен живот и приказните за разводот со Том Круз. Упатениот пријател рекол дека сега, кога нејзиниот развод е завршен, Кејти имала време, пари и можности да се школува.