Кејти Холмс наводно се отселила од сопругот Том Круз бидејќи и било доста од неговото психичко малтретирање и начинот на живот кој и го наметнувал. Непознат извор изјавил дека таа поради тие причини се отселила од нивната вила и се преселила во помала куќа во Холивуд за да се тргне од се.


Таа копнеела по слобода и приватност. Во новата куќа слободно можела да се шета по пижами, да зборува на телефон со своето семејство и да седи покрај базенот. Сето тоа делувало многу позитивно врз неа.