Кејти Холмс вели дека нејзината ќерка Сури е зеница на нејзиното око, но не ја исклучува можноста да има уште едно дете. Кога новинарот на списанието „Alur” ја запрашал дали размислува за проширување на семејството, моментално слободната актерка му одговорила дека е отворена за таа можност.
Во животот на поранешната сопруга на Том Круз се случиле многу промени. По разводот имала повеќе настапи во театар, станала модна креаторка, а набрзо би можела да стане и адвокат, што Кејти не го демантирала. Рекла дека нејзините брат и татко се адвокати и дека го сакала нивниот начин на размислување.