Кејти Холмс за списанието “InStyle” открила дека не планира да има уште деца. Во интервјуто за августовското издание на споменатото списание, Кејти открила неколку интимни информации, меѓу кои и тоа дека покрај ќерката Сури не сака да има уште деца.


Изјавила дека таа и Том веќе имаат големо семејство, роднините често им биле во посета, а и Сури имала многу пријатели. Сега се грижела само за тоа ќерката да биде добро и да има се што и е потребно. Медиумите повеќе пати Кејти Холмс ја окарактеризирале како лоша мајка, поради фактот што петгодишната ќерка ја облекува во дизајнирана облека вредна илјадници долари.