На најновите фотографии актерката изгледа двојно постара отколку што навистина е. Ни траг од убавината со која го освои светот. Некогаш прекрасната актерка Кејт Холмс денес изгледа непрепознатливо. Актерката има големи црни подочници, отечени и спуштени капаци, како и длабоки бори.

 

Поранешната сопруга на Том Круз и мајката на осумгодишното девојче Сури без шминка е сосем поинаква жена од онаа која навикнавме да ја гледаме и која многупати ја понесе титулата за најубава дама на црвениот тепих. Кејти со 35 години на најновите фотографии изгледа двојно постаро, и просто е неверојатно дека само пред неколку месеци изгледаше прекрасно во еден едиторијал. Нејзината формула за добар изглед дефинитивно е фотошопот.