Актерката Кејти Холмс наводно толку го мрази семејството на својот сопруг, што му поставила ултиматум да ги исфрли од куќата или да заборави на уште едно дете. Тие заедно со нивната ќерка Сури живеат во Беверли Хилс заедно со двете посвоени деца на Том, Изабела и Конор.
Со нив живеат уште и мајката на Том Мери Ли и сестрата Кас која има три деца. Кога Том се развел од Никол Кидман, ја повикал својата мајка да се досели во неговиот дом, на набргу се доселила и неговата сестра со децата.