Кејти Холмс одлучила повторно да се вљуби, но како би се осигурала дека нема да ги повтори грешките од минатото актерката најмила љубовен советник. Имено, таа најмила советник кој ќе и помогне да има повеќе самодоверба кога со некој ќе излезе на прв состанок.
Еден нејзин пријател изјавил дека таа учела како да им пријде на луѓето, како да изгради самодоверба и трикови за флертување, бидејќи сватила дека и треба нов пристап кога се во прашање состаноците и вљубувањето. Тој додал дека цело друштво се обидувало да и пронајде партнер кој ќе и одговара бидејќи би сакале повторно да ја видат среќна.