Списанието „Пипл“ составило своја листа за најдобро облечени познати личности во изминатава година, а на првото место ја ставиле Кејти Холмс. Уредниците на списанието во своето образложение за ваквата одлука го навеле фактот што Кејти после разводот од Том Круз поработела на својот личен стил и пронашла вистинска рамнотежа помеѓу елеганцијата и практичноста на современата жена.
На второто место се нашла водителката на забавната телевизија “E!”, Џулијана Ранчич, додека на третото се нашла актерката Џесика Честејн.