Иако од одамна има своја модна линија, Кејти Холмс дури сега, кога разводот со Том Круз ги полни страниците на новините, ќе ги сврти сите модни објективи кон себе.
Таа ќе дебитира на модната недела во Њу Јорк со модната марка која во 2009 година ја промовирала со Џин Јанг.Со неа изработуваат колекција која досега никого премногу не го интересирала, со облека за целиот ден -од утро до мрак, луксузна и секако со фина изработка. Се разбира, се очекува да биде една од поголемите атракции на Модната недела.