Поранешната сопруга на актерот Том Круз, Кејти Холмс, и актерот на серијата „Како ја запознав вашата мајка“ започнале љубовна врска откако се запознале на снимањето на серијата. Кејти гостувала во серијата уште во 2011 година, но искрите меѓу нив се разбудиле неколку години подоцна.
Медиумите пишуваат дека во последно време тие се неразделни. Извор близок до нив за списанието „Стар“ изјавил дека Кејти и Џејсон се на почетокот на својата врска, но се многу сигурни во своите чувства.