Според странските медиуми, Кејти Холмс излегла на состанок со продуцентот Рик Шварц на почетокот на минатата седмица. Парот бил виден како заедно оди на вечера во ресторанот Лур Фишбар.
Кејти, која минатата година се развела од Том Круз со кој ја има ќерката Сури, наводно сега била спремна да и даде втора шанса на љубовта. Рик исто така од неодамна бил слободен, откако ја прекинал врската со актерката Емануеле Чрики.