Том Круз и Кејти Холмс своевремено гласеа за еден од најпознатите холивудски парови, но сега ги поврзува единствено ќерката Сури. Извори блиски до Том и Кејти наведуваат дека тие двајца воопшто не комуницираат и дека негативни чувства постојат на двете страни. Светските медиуми пишуваа дека Кејти долго патела по Том, но се чини дека конечно пронашла среќа. Убавата актерка во последниве година дена ја поврзуваат со Џејми Фокс, па и понатаму се шушка дека се во тајна врска.
Американските медиуми објавиле фотографија на која се Кејти и Џејми како се држат за рака и според нив тоа е доказ за нивната врска. Извор рекол дека Џејми е некој на кој може да му верува и со кој добро се забавува. Од него добивала се што Том никогаш не и пружил. Том и Кејти се венчале во 2006 година, а истата година ја добиле Сури. Во 2012 Кејти побарала развод на бракот поради несогласува.