Звучно изолирана соба, од која не допираат никакви звуци, е најнов хит кога станува збор за уредувањето на домовите. Холивудските ѕвезди се почесто бараат соби со дебели ѕидови со натпросечно силна изолација како составен дел од своите домови. Една од ѕвездите кои мирно спијат во таква соба е и Том Круз.
Актерот има таква соба во својот милиони вреден дом кој го дели со сопруагта Кејти Холмс и ќерката Сури. Собата морал да ја направи бидејќи Кејти не можела да го поднесе неговото гласно хрчење, па го исфрлила од креветот. Но, ни тоа не било доволно, бидејќи таа го слушала преку ѕидовите и затворената врата. Сега, кога конечно ја добил својата звучно изолирана соба, Кејти може мирно да спие.