Холивудскиот актер Том Круз неодамна откри дека тој и неговата сопруга Кејти Холмс планираат и второ дете, но изгледа дека Кејти е веќе бремена.
Кејти е видена како носи широка облека, а изгледа дека и стомакот и се заоблил.
Ѕвездата на филмот “Batman Begins”, која со својот сопруг Том Круз ја има двегодишната ќерка Сури, предизвикала озборувања дека е трудна, со нејзиното појавување во јавност во широка маица, со долг шал преку благо истакнатиот стомак.
Неименуван извор вели дека Кејти изгледа среќно и дека ја држела раката на својот стомак.
Том Круз, кој освен Сури има и две посвоени деца, Изабела и Конор во бракот со Никол Кидман, вели дека е посебно чувството да имаш свое дете.
„Беше посебно, бидејќи Сури беше прво дете за Кејти. Јас го поминувам времето со деца целиот живот, но поинаку е кога детето е твое“, вели Том Круз.