Британската оскаровка Кејт Винслет ќе заигра во филмот за млади “Divergent”, заснован на триологијата романи на Вероника Рот. Филмското студио Самит соопштило дека Винслет ќе ја игра ладната и одбојна Џени Метјуз во филмот кој е сместен во иднината. “Divergent” е првиот дел од триологијата романи сместен во друштво поделено во пет фракции кои ги одредуваат животите на поединците.

Во кината ви требало да се појави во март 2014 и е последен од низата филмови работени според романи за млади кои се екранизирани. Досега големо внимание кај гледачите и читателите предизвикале филмовите „Самрак“ и „Игри на гладдта“. Петте „Самрак“ филмови кои се заниваат со романса на вампири, тинејџерка и врколаци на кината заработиле повеќе од 3,3 милијарди долари. „Игри на гладдта“ минатата година заработиле 690 милиони долари, а ново продолжение се очекува во ноември оваа година.