Британската актерка Кејт Винслет е во преговори за улога во филм кој ќе бида адаптација на романот “Divergent” на младата американска авторка Вероника Рот. Дејството на романот е сместено во постапокалиптично друштво, во кое сите луѓе се поделени во пет групи, несебични, интелегентни, искрени, мирни и храбри.

Секое лице до својата 16 година мора да се определи за една од овие групи и да постапува според нејзините правила. приказната ја следи тинејџерката Шејлен Вудли која сака да се ослободи од хомогеното друштво кое се дели на основа на човековите особини, па така таа ја напушта својата група и се приодружува на ривалската, каде се вљубува во едно момче. Филмот би требало да се појави следната година.