Оскаровката Кејт Винслет родила момче, јавуваат британските медиуми. Актерката и нејзиниот сопруг Нед Рокенрол станале родители во саботата. Парот, кој се венчал во декември 2012 соопштил во јуни дека го чекаат своето прво дете. винслет, која претходно била во брак со монтажерот Џим Триплтон и режисерот Сем Мендес, има две деца, Миа и Џо.

Актерката неодамна ги отфрлила критиките дека има три деца со тројца различни мажи велејќи дека нејзините деца секогаш биле со неа. Не се шетале од еден до друг. Не биле со дадилки и никогаш не се случило да се селат. Нејзините деца живееле со неа и тоа било тоа.