Британскиот бизнисмен Ричард Бренсон изјавил дека актерката Кејт Винслет била неповредена во пожар кој ја уништил неговата луксузна вила на еден остров на Карибите. Според неговите зборови, околу 20 луѓе биле сместени во вилата на неговиот приватен остров Некер.


Бизнисменот навел дека тој заедно со сопругата Џоун и синот Сем, бил сместен во друга куќа, оддалечена околу 100 метри од онаа која изгорела до темел. Пожарот избил во текот на невремето кое го зафатило островот, а Сем успеал да ја евакуира Кејт Винслет и останатите гости.