Насмеана од уво до уво, во долг црвен фустан и високи потпетици, Кејт Винслет го пленела вниманието на лондонската премиера на филмот ‘Labor Day’. Но, филмот паднал во втор план, а славната британка гордо го носела својот голем труднички стомак. Нејзиното трето дете, овој пат со сопругот Нед Рокенрол, на свет треба да дојде кон крајот на годинава.
Пред црвениот тепих, екипата на филмот имала и помала премиера на кој Кејт носела црно одело и високи потпетици. Веќе ги има синот Џо и ќерката Миа, а ниту третата бременост не го намалува нејзиното темпо на работа. Кејт и Нед се венчале на почетокот на годинава, а по шест месеци објавиле дека чекаат принова. Нивната љубов се рагорела набрзо откако се запознале на островот Некер во 2011 година. Нед е внук на милионерот Ричард Бренсон и работи во одделот за вселенски патувања во компанијата на Бренсон Вирџин Галактик.