Оскаровката Кејт Винслет е избрана за ново лице на модната марка „Сент Џон“, специјализирана за женска трикотажа. Креативниот директор на Компанијата Џорџ Шарп рекол дека актерката е совршен избор за новата рекламна кампања на таа куќа. На една од фотографиите актерката позира во црн провокативен фустан.
Шарп исто така изјавил дека Кејт е убава жена со исклучителна кариера и една од најценетите актерки на својата генерација. Додал дека таа е олицетворение на модерната нежност на модната куќа Сент Џон. Кејт Винслет е најпозната по улогата во филмот „Читачот“, за која била наградена со Оскар за најдобра женска улога.
Кејт Винслет ново заштитно лице на модната марка „Сент Џон“
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com