Оскаровката Кејт Винслет нема да биде меѓу филмските работници кои го бојкотираат овогодинешното доделување на Оскарите. Ја спречува желбата да го поддржи колегата и пријател Леонардо Ди Каприо кој е номиниран за престижното признание во категоријата најдобар главен актер. Кејт Винслет и Леонардо ди Каприо ги врзува долгогодишно пријателство после соработката во 1997 година на филмот „Титаник“.

 

Додека голем број славни личности ги бојкотираат овогодинешните Оскари поради тоа што нема номинирани црни актери, Кејт има специјална причина зошто нема да биде дел од таа група. Холивудската дива сака да биде присутна кога Лео ќе добие награда на Американската филмска академија за најдобар актер. Изјави како има силно чувство дека ова ќе биде година на Лео, а тој е нејзин најблизок пријател и не може да замисли да не биде таму и да го поддржи. Двајцата јунаци на филмот „Титаник“ имаа сјајна сезона па на доделувањата на разни награди се сретнаа повеќе пати.